Search
Search

Автомобил влета меѓу пешаци на аеродром во Германија, неколкумина се повредени

Неколку луѓе се повредени кога возач со автомобил влета меѓу пешаци во паркинг гаража на аеродромот Келн-Бон во западна Германија, јави Асошиејтед прес. Неколкумина се повредени во инцидентот во кој се оштетени и неколку возила.

Полицијата информира оти постојат индиции дека возачот имал проблеми со менталното здравје. Други детали за немилиот настан засега не се познати.

АКТУЕЛНО