Search
Search

БЕХТЕЛ и ЕНКА бара 4.000 градежни работници од Македонија

На вчерашната средба помеѓу првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески и раководството на американско-турскиот конзорциум, било побрано од комората максимално вклучување на домашните градежни компании во изградбата на овие автопатишта.

Од Стопанската комора, апелираа коридорите да се завршат во предвидениот рок, , бидејќи како што велат, тоа ќе има огромно значење, меѓу другото и за економското поврзување на регионот.

-Стопанската комора на Македонија ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед на фактот дека сметаме дека ова е најзначаен инфраструктурен проект во наредните 10 години,- – Стопанска комора.

Од синдикатот на градежници велат дека ваквото барање на Бехтел и Енка е тешко остварливо сега, бидејќи Македонија се соочува со сериозен недостаток на работна сила поради иселувањето, a потребни се 4.000 работници.

Инаку, договорот со „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани, и Требеништа – Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.

 

АКТУЕЛНО