Search
Search

Бeл Божик на планините, од вторник сув студ – Поповски со најнова прогноза

Циклонот со центар над Јадранот полека ја зафаќа нашата територија, па така од следните часови ќе започнат и врнежите, пишува Славчо Поповски.

-Со силниот циклон со центар над Јадранот, до понеделник навечер на планините и на повисоките места се очекува формирање на снежна покривка и тоа особено во западните и во северозападните предели. На Скијачките центри се очекува да се формира позначителна снежна покривка (локално и до 20 сантиметри, понекаде и повеќе). Помала снежна покривка ќе се формира и на повисоките населени места, а локално провејување на снег со слаб интензитет во понеделник попладне и во вечерните часови очекуваме и во градовите. “Бел Божик” на планините! Од вторник сув студ!

АКТУЕЛНО