Бесплатен влез за посетителите на „Филмај“ – фестивал на краток филм

„ФИЛМАЈ” 2024 фестивалот на краток филм – Куманово ќе се одржи на 29 и 30 мај 2024 (среда и четврток), во Занаетчиски дом – Куманово. Двете вечери на шестото издание на фестивалот ќе бидат со почеток во 20 часот. Влезот ќе е бесплатен за посетителите.

На ФИЛМАЈ 2024 ќе бидат прикажани наградените филмови: филипинскиот ‘Жими сè најмило’ режиран од Сам Манакса, чешкиот `Морска сол` со Захер Јуреидини како директор на фотографија, ‘Синкопат’ (Шпанија) по сценарио на Пол Диглер и Рамон Лазаро, заедно со најдобриот домашен филм `Само ѓаволот се плаши од вода` режиран од Лидија Мојсовска,  и `Девет сантиметри` (Русија) како најдобар краток филм. Исто така, ќе бидат прикажани и 11 официјално селектирани филмови.

Стручното жири на овогодишниот ФИЛМАЈ беше составено oд Матеј Матијевиќ (режисер и сценарист), Александар Арсовски (продуцент) и Антонио Димитриевски (актер).

Додатни информации и детали може да се следат на ФБ страната на фестивалот ФИЛМАЈ .

АКТУЕЛНО

Поврзани објави