Search
Search

Бесплатно паркирање на повеќето паркиралишта на „Градски паркинг“, но не и на Водно

На неколку јавни паркиралишта во надлежност на ЈП „Градски паркинг“ денеска, на празникот 11 Октомври, ќе биде слободно паркирањето, односно нема да се врши наплата. Станува збор за паркиралиштата Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември.

Слободни за паркирање ќе бидат и зонските паркиралишта, освен зона А0, поточно паркиралиштето на Средно Водно, каде ќе се плаќа од 9 до 16 часот, колку што е работното време на овој паркинг.

Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот – информираат од ЈП „Градски паркинг“.

 

АКТУЕЛНО