Search
Search

Bез вода улица „474“ во населба Црниче, без струја корисници од Сопиште, Зелениково и Студеничани

Без електрична енергија денеска од 11 до 15 часот ќе бидат корисниците од Горно-Долно Соње, Ракотинци, Јаесен, Атинци, Варвара, Говрлево, Брезница, Каменоломи, Јаболци, Дражилово, Црн Врв, Малчиште и Елово во општина Сопиште.

Според известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 9 до 15 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од Зелениково, Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево, железнички станици Зелениково – Јане Сандански  во општина Зелениково и Студеничани.

Без вода денеска од 8:40 часот се дел од корисниците лоцирни на улица „474“ во населба Црниче.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради  дефект на затварач (огрлица) Ф80мм на улица „474“ бр.12 во населба Црниче.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

АКТУЕЛНО