Библиотеката „Браќа Миладиновци“ остана без струја поради неплатени сметки

Во време на испитна сесија, кога најголем број од студентите ги користат просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ за учење, снемало струја, а како што  дознава Градска.мк причината се неплатени сметки кон ЕВН.

Директорката на оваа институција, чиј основач е Град Скопје, Снежана Стојчевска во телефонски разговор рече дека струјата ќе биде пуштена утре и дека причина за ова исклучување е тоа што Град Скопје не префрлил средства.

-Библитеката “Браќа Миладиновци” – Скопје и дел од нејзините клонови се без струја од денеска, 24 јануари 2024 година. Библиотеката има една неплатена сметка за електрична енергија и три сметки за дистрибуција на струја. Ова е трет пат во мојот мандат (од април 2022) да бидеме исклучени од струја за две неплатени сметки. Како Јавна установа средствата за режиски трошоци ги добиваме од Град Скопје, кои што веднаш беа запознаени со проблемот и ветија брзо решавање, вели таа.

Таа на оваа позиција доаѓа од партијата „Левица“.

 

С.Т

АКТУЕЛНО

Поврзани објави