Search
Search

Битолскиот пајтон со бесплатнo промотивно возење

Културниот и информативен центар Битола како дел од промотивните активности за фестивалот „Ех, таа серенада“ и туристичка промоција на Офицерски дом на граѓаните на Битола, како и бројните туристи и посетители им овозможи единствена можност за бидат дел од традицијата на конзулска Битола, дел од приказната за битолската серенада и да ја почуствуваат возбудата која ја носи возењето со пајтон.

-Бидете дел од традицијата, од приказната за битолските чупи и вљубените ергени и да ги споделите своите впечатоци и спомени со блиските. Ве покануваме на бесплатно возење со битолскиот пајтон наредените две недели секоја вечер од 18.30-21.30 ч. пред влезот на Офицерскиот дом, упатија порака од КИЦ Битола.

Првото официјално издание на фестивалот „Ех, таа серенада“ ќе се оддржи на 24 август на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола, а на ревијалната вечер ќе настапат 16 изведувачи.

АКТУЕЛНО