Search
Search

Боксерски меморијал прв спортски настан во рамки на Отворен Балкан

Третото издание на боксерскиот Меморијал „Звонимир Звонко Вујин“ ќе се одржи утре во Зрењанин во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Станува збор, како што соопштија организаторите, за прв спортски настан во рамки на Отворен Балкан на кој ќе настапат повеќе од 100 македонски, српски и албански боксери.

На турнирот ќе се појават боксери од над 30 боксерски клубови во сите возрасни категории.

Меморијалниот турнир е посветен  на легендарниот југословенски боксер Звонимир Звонко Вујин, кој во кариерата освои два олимписки медали – бронза на Игрите 1968 во Мексико и во Минхен 1972.

АКТУЕЛНО