Search
Search
Фото/Министерство за здравство

Болницата „8 Септември“ денеска доби три нови сали за кардиологија и интервентна радиологија

Градската општа болница „8 Септември“ денеска доби три нови сали за кардиологија и интервентна радиологија, опремени со нови модерни ангиографи со што се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури на највисоко ниво.

Нивното користење се очекува да го намали бројот на чекања за коронарографии, каротидографии, ангиографии и стентирања.

Инсталирани се апарат за мамографија што може дневно да опслужи 60 пациенти, апарат за ултразвук, компјутерски томограф, два најмодерни дигитални апарати за конвенционални РТГ графии и апарат за навигација.

Директорот на ГОБ „8 Септемри“ д-р Христијан Костов порача дека за осовременување на дијагностичките процедури во болницата набавена е најсофистицирана опрема и апаратура.

Додаде и дека обезбеден е и апаратот за мамографија со стереотакса, апаратот за ултразвук со висока резолуција адекватен за најразлични дијагностички процедури, компјутерски томограф од нова генерација, кој има 128-слајсен детектор, со висока резолуција и брзина, и до него дневно може да се „снимат“ повеќе од 40 пациенти во било која форма на дијагностика.

АКТУЕЛНО