Search
Search

Борел: Разговорите меѓу Србија и Косово во „ќорсокак“

И покрај новите обиди за посредување на ЕУ, сè уште нема приближување меѓу Србија и Косово. Разговорите за нормализација на односите се во „ќорсокак“, истакна првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел. .

„За жал, договорот не беше можен поради предусловите кои ги постави секоја страна, а кои беа неприфатливи за другата страна“, објасни високиот претставник на ЕУ, но не прецизираше за каков предлог станува збор.

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека Косово сакало да го потпише договорот во Брисел, но дека претседателот на Србија го одбил тоа.

Александар Вучиќ по средбата изјави дека Србија е подготвена за формирање на ЗСО согласно со предлозите кои ги добила, но дека не може да прифати членство на Косово во Обединетите нации и признавање на независност.

Поради неодмнашните безбедносни инциденти на Косово не бил можен директен разговор меѓу Курти и Вучиќ. Наместо тоа, на маргините на самитот на ЕУ во Брисел, тие одделно разговараа со посредниците на Унијата. Покрај Борел, на тие разговори учествуваа и германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел, специјалниот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак, како и францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

АКТУЕЛНО