Search
Search

Бројот на работниците во индустријата во април зголемен за два отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во април годинава, во однос на истиот месец лани е зголемен за 2.0%.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст од 5.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.9 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.9%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.5 %, Капитални производи за 18.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 13.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.8 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период лани е поголем за 1.9%.

АКТУЕЛНО