Search
Search

Четири години независен театар Златен Елец

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, оваа година ќе заокружи четиригодишно постоење, во 2020 година првите одиграни претстави на овој независен театар, беа дел од ретките културни збиднувања за време на короната. Во јули, истата година, овој театар имаше единствена премиера и изведба на театарска претстава после неколку месеци во Македонија и на Балканот воопшто, првата претстава „Не ми го чепкај пивото!“ во режија на Ѓорѓи Ризески.

До сега театарот има 18 претстави и уште неколку други проекти. Основачи на Театар „Златен Елец“ се актерите Бобан Алексоски и Надица Петрова.

Овој роденденски месец, веќе во недела на 18.02 ќе го почнеме со најновата претстава за деца „Чудесниот напиток“ – авторски проект на Надица Петрова(13ч. Јавна Соба-Скопје), а вечерта на репертоар е монодрамата „Пингвинот“ – авторски проект на режисерката Тамара Стојаноска(19ч. Кафе Котур и филм-Скопје). Потоа на 26.02 во театарот во Велес ќе се изведе третата изведба на претставата „Добри луѓе“ во режија на Тамара Стојаноска, а на 28.02 во Јавна Соба, Надица Петрова ќе настапи со нејзината стендап комедија „Не се курчи!“, истата вечер во Прилепскиот театар ќе се одигра четиринаесеттата изведба на претставата „Грета“.

Монодрамата „Дневникот на лудиот“ на фестивалот „Актерот на Европа“ во Ресен(2020), беше наградена за најдобар актер(Преспански Дионис), а две години подоцна актерката Димитрина Мицковска Трајковска освои награда за најдобра актерка на фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино за претставата „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска.

Минатата година, дуодрамата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска, освои две награди: за најдобра независна Македонска продукција на фестивалот „Млад отворен театар“ Скопје, наградата „БИШ“ и на фестивалот на дуодрама во Неготино, главната награда „БРАНКО ЃОРЧЕВ“ за најдобра партнерска игра за актерите Бобан Алексоски и Лео Поповиќ.

Редакција ТРН

АКТУЕЛНО