Search
Search

Четиригодишното дете со скршени ребра и инфицирани рани сѐ уште се опоравува на Детската клиника во Скопје

Трите други деца од семејството на четиригодишното девојче од Струмица кое со тешки телесни повреди беше донесено на лекување на клиниките Мајка Тереза во Скопје веќе се во згрижувачко семејство, информира министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчовска.

Таа вели дека децата се на безбедно, во семејна атмосфера и ќе останат додека стручните служби не оценат дека мајката е во состојба да се грижи за нив.

Истрагата за овој случај е во Основното јавно обвинителство и засега нема информации за потеклото на повредите на девојчето кое со инфицирани рани и скршени ребра е примено прво во струмичката Општа болница, а потоа е префрлено во Скопје.

Во моментот на приемот на детето констатирано е дека повредите се стари околу две седмици. Мајката изјавила дека детето е нападнато од куче

АКТУЕЛНО