Search
Search

Царинска управа: Спречена нелегална трговија со папагали

Царинската управа преку своја официјална Фејсбук страница денеска информираше дека вкупно 47 папагали се запленети откако српски државјанин сакал без да ги пријави да ги внесе во државава.

Царинските службеници на влез на граничен премин Табановце го прашале дали има нешто да пријави, по што откако одговорил дека нема ништо за пријавување поради сомневање извршиле детален преглед на возилото при што во багажникот пронајдоа кафези со папагали.

Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, од кадешто се соодветно згрижени.

Вкупно 47 папагали се запленети откако српски државјанин сакал без да ги пријави да ги внесе во државава. Царинските службеници на влез на граничен премин Табановце го прашале дали има нешто да пријави, по што откако одговорил дека нема ништо за пријавување поради сомневање извршиле детален преглед на возилото при што во багажникот пронајдоа кафези со папагали.

Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, од кадешто се соодветно згрижени.

 

АКТУЕЛНО