Search
Search

Центарци по телефон може да побараат косење трева, собирање смет и поправка на урбана опрема

Граѓаните кои живеат во општина Центар можат да ги пријават проблемите поврзани со јавната чистота, но и други комунални проблеми, кои потоа треба да ги решат општинските служби и хигиеничарите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. На телефонскиот број 076350767 може да се побара косење на израсната трева, реконструкција и санација на урбана опрема или собирање смет од јавните површини кои се во општинска надлежност.

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека досега на телефонската линија во ПОЦ се јавиле 159 граѓани кои побарале одредена услуга и за неа добиле решение и ги повика граѓаните да ги пријавуваат проблемите.
 
Хигиеничарите ги извршуваат своите дневни обврски по реони меѓутоа свесни сме дека многу брзо откако ќе исчистат на одредена локација може да се направи мала депонија или слично, затоа упатувам апел граѓаните да ги пријавуваат проблемите на телефонскиот број со цел службите побрзо да ги решаваат проблемите со јавната хигиена. Во делот на урбаната опрема службите на ЈП ПОЦ може да ги побарате и доколку во вашата околина има искршена клупа која треба да се реконструира, искршена лулашка или слично – апелираше градоначалникот, кој се надева дека ова ќе придонесе за подобра хигиена во општината.

Герасимовски исто така ги повика граѓаните да пријавуваат собирање на кабаст отпад во сопствените домови, а не кревети, вц школки и одредени габаритни работи да исфрлаат сами и тие да стојат на одредена локација со денови.

 

АКТУЕЛНО