Search
Search

ЦИВИЛ најостро го осудува вандалскиот чин на Левица во „Парк Украина“ во Чаир

ЦИВИЛ најостро го осудува вандализмот и манипулациите што ги предизвикува најновата, крајно подмолна провокација јавно поддржана од Левица, а која ја спроведе самонаречената „црвена младина“.

Украинската амбасада реагираше за вандалскиот чин во паркот „Украина“ во Чаир, нагласувајќи дека желбата да се почитува споменот на своите херои не може да се поврзува со уцена и со вршење на вандалски чинови.

Во Чаир, членови на Левица вчера (12 јули 2023), пред сопствените камери, ја вандализираат табелата со натписот на новиот „Парк Украина“, кој беше промовиран пред еден месец на иницијатива на Општина Чаир, во соработка со Украинската амбасада, со поддршка од ЦИВИЛ и други граѓански и хуманитарни групи и организации. Овој чин е симбол на солидарноста со украинскиот народ во нивната борба за слобода од руската агресија и окупација.

Имено, оштетувањето и самоволното „преименување“ на Паркот Украина во Чаир, не претставува само еден обичен чин на вандализам.

Со јасна и груба злоупотреба на еден светол поим, како што е АСНОМ, политичките вандали од екстремната десница сакаат да предизвикаат омраза и поделби, наспроти благородниот мотив што стои зад именувањето на Паркот Украина. Воедно, тие не ја кријат својата намера да ја омаловажат волјата на локалната самоуправа, како и на граѓанките и граѓаните на општина Чаир и пошироко, да ѝ оддадат признание и почит на борбата на Украина за слобода.

Не е случаен изборот на локацијата и името на паркот, бидејќи Левица не ја кријат својата поддршка и приврзаност кон нивниот идол, воениот злосторник и диктатор Путин“, велат од ЦИВИЛ.

извор Цивил

АКТУЕЛНО