Search
Search

ЦИВИЛ со протестно писмо пред руската амбасада за смртта на Навални

Претставници на ЦИВИЛ утре точно напладне, во знак на протест по повод смртта на Алексеј Навални , пред руската амбасада во Скопје ќе прочитаат протестно писмо.

-Со овој чин, ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, се придружува кон илјадниците граѓанки и граѓани низ целиот свет кои изразија протест против диктаторскиот режим на Путин, чија жртва е големиот руски борец за демократија, Алексеј Навални – велат од ЦИВИЛ.

-На 16 февруари, згасна животот на легендарниот борец за демократија и човекови права во Русија, Алексеј Навални. Го уби режимот на воениот злосторник и диктатор, Владимир Путин.

Во знак на протест, претставници на ЦИВИЛ ќе прочитаат протестно писмо на македонски, албански и англиски пред руската амбасада во Скопје, в понеделник, 19 февруари, во 12 часот.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

АКТУЕЛНО