Според податоците на ЦУК, во Македонски Брод, кај село Белица, гори ретка борова шума на тешко пристапен терен, во Врапчиште, кај  село Ѓурѓевиште гори сува трева – пасиште и во Крива Паланка пожарникарите сѐ уште го гаснат и од огнот го бранат селото Луке каде гори мешана шума, а во близина на куќи и други објекти.
Другите 25 изгаснати пожари на отворен простор во последното деноноќие биле на целата територија на државата, каде што гореле стрништа, сува трева, пасишта, нискостеблеста вегетација и шума.