Search
Search

ЦУК: Вчера имаше 31 пожар на отворен простор, а викендов вкупно 70

Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека вчера (01.10.2023 – недела) имаше 31 пожар на отворен простор, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК. При тие пожари гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана, а и борова шума и неколку депонии.

Инаку, заедно со саботните 39 пожари, викендов имало вкупно 70 пожари, за еден помалку од минатиот викенд кога имаше 71 пожар.

До утрово, активни пожари од последното деноноќие, според извештаите што се стигнати во ЦУК, има уште шест. Тие се во: Општина Македонски Брод кај с.Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума); Општина Чашка, кај с.Горно Јаболчиште (ниска вегетација и шума); Општина Кривогаштани и Крушево, кај с.Подвис кае што пожарот се проширил кон селата Алдинци и Норово и гори ниска вегетација и шума; Општина Свети Николе, помеѓу селата Ерџелија и Мустафино (горело сува трева); Општина Градско, с.Згрополци (сува трева) и во Општина Илинден: во близина на рафинеријата (каде горела ниска вегетација и најверојатно утрово е изгаснат).

АКТУЕЛНО