ФОТО: Wikimedia commons

Д-р Иванов за Градска редакција: Климатските промени стануваат се поопасни по здравјето

Климатските промени се наоѓаат меѓу најголемите предизвици за здравјето на луѓето во 21-виот век. Според последните извештаи од Светската здравствена организација (СЗО), климатските промени доведуваат до зголемување на бројот на болести и смртни случаи, особено во најранливите заедници.

Промените во климата предизвикуваат екстремни временски услови како затоплување, поплави, суша и горски пожари. Сите овие екстремни временски услови можат да имаат драстични последици врз здравјето на луѓето.

Климатските промени имаат и невидливи последици врз здравјето. Загадувањето на воздухот, предизвикано од прашински честички и замаглувања, може да доведе до зголемување на ризикот од респираторни проблеми, као и од хронични болести како што е астма и болести на срцето. Најранливите заедници, вклучувајќи ги децата, старите лица, лицата со постоечки здравствени проблеми и заедниците во сиромаштија, се најизложени на најголем ризик од климатските промени. Тие имаат помалку ресурси за да се справат со екстремните услови и имаат поголема веројатност да бидат изложени на здравствени проблеми.

Градска.мк имаше разговор со д-р специјалист интернист Лупчо Иванов , кој истакна дека овие климатски промени се фактори кои влијаат на здравјето на луѓето. Тој нагласи дека како резултат на овие промени одредена група луѓе повеќе трпат од овие последици.

Градска: Дали глобалното затоплување влијае врз здравјето на луѓето и кои се најранливите групи на населението кога станува збор за здравствени проблеми поврзани со климатските промени и глобалното затоплување?

Иванов: Секако дека влијае. Особено во последните години кога климатското затоплување си добива свој замав, си добива своја вистинска сила. Најчесто ранливи групи се тие со кардиваскуларни болни, лица крвни високи притисоци, дијабетичари, и лица со метаболни нарушувања (диабет со компликацији). Тие се групи што секогаш имат проблеми со кардиваскуларниот систем, со циркуларниот систем. Овие се една група што ние најмногу им обврнуваме внимание и ги следиме и највеќе препораки им даваме. Другите ситуации секако се промените на климата дневно – ноќните варијации, издуениот континуитет во однос на температурата и големите температурни разлики и сите тие делуват исто така на кардио-циркулаторниот систем и тука имаме секојдневни повици, секојдневни котроли.

Градска: Каков е вашиот совет за општеството и индивидуалците во врска со одржување на здрав животен стил и заштита на здравјето во контекстот на глобалното затоплување?

Иванов: Ние се повеќе и повеќе ќе имаме проблеми од тој тип, од тој аспект. Се повеќе и повеќе луѓето ќе барат помош во нашите амбуланти заради тоа што глобалното затоплување навистина делува негативно во смисла на здравјето на луѓето пред се во однос на пациентите, луѓето што имат коморбилитети, што имат значајни болести (кардио-респираторниот систем). Ние секогаш им даваме совети на луѓето да избегнуваат горештини, секогаш им велиме да се хидрираат доволно, да се движат доволно колку што толерира нивното здравје, да зeмат редовна терапија. Тие препораки се секојдневни.

Н. А.

 

АКТУЕЛНО