Search
Search

Да не се прскаат бавчи и да не се мијат автомобили, апел на Водовод да се штеди питката вода

– ЈП „Водовод и канализација“ Скопје денеска упати апел рационало да се користи водата со оглед на најавите од Управата за хидрометеоролошки работи дека температурите деновиве ќе достигнат и над 40 °C.

Тие апелираат да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, перење автомобили, полнење на базени, но и за спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци, со кои се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во Скопје.

-Доколку граѓаните на Скопје забележат див приклучок треба да го пријават на 023073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS, наведуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Потсетуваат дека дивите приклучоци се забранети со Закон, врз основа на кој за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело.

АКТУЕЛНО