Search
Search
Фото - Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје

Дали знаете за светиниколскиот Ѓаволски ѕид и легендата околу него

На Свети Николе, подалеку од градскиот шум и урбаната бетонска ѕидарија, се наоѓа едно од највпечатливите и необични природни чуда на Македонија – Ѓаволски ѕид. Ова природно феноменално место се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Свети Николе, на јужната страна на ниската планина Богословец, покрај самиот десен брег на реката Брегалница.Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на Богослвоец, и долж десниот брег на Брегалница, а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад! Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк е околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатнина од 4 кубни метри, а помеѓу нанесените камења се наоѓа тенка, црвеникава материја.

Природна појава или….

 Постои научен спор во однос на потеклото на Ѓаволскиот Ѕид. Најзастапено е мислењето дека се работи за природна карпеста појава, но постојат и мислења дека станува збор за древна мегалитска градба. Во 1970 година, југословенскиот археолог Милутин Гарашанин утврдил присуство на врзивен материјал со црвена боја меѓу некои од блоковите, што оди во прилог на тезата дека се работи за човечка творба. Сепак, ваквата претпоставка наметнува колебање околу тоа како се изведувала изградбата, бидејќи ѕидот се наоѓа на изразито тешко пристапно терен. Поради тоа, превезувањето на огромни камења тешки и по 4 тона барало соодветна техника и умешност на градителите.

Народни верувања

Наспроти науката кај народот од овој регион постои верување дека градбата е дело на надеземни сили, односно на ѓаволот, па затоа и му дале име – Ѓаволски ѕид. Еден ден Ѓаволот се намерачил да ја прегради реката Брегалница за да до пoтопи Овчеполе. Mу рекол на Господ дека тоа ке го стори за една ноќ, но за среќа не успеал да го заврши!

Господ го надитрил, откако среде ноќ пронашол еден петел, го удрил и до разбудил. Петелот почнал да кукурика и со тоа предвреме означил дека почнува зората, така ѓаволот само до половина успеал во својата намера, па умрел од макa. Овчеполе куртулило од поплавување, а Брегалница и ден денес тече, само овој ѕид останал да сведочи за борбата меѓу доброто и злото.

 

АКТУЕЛНО