Search
Search

Деца на тротинети, повредени и кавги – Скопје во „хаос“

Во градот Скопје се создава некаков неочекуван “хаос” низ улиците, но причината не се само автомобилите. Последните месеци, темата за тротинетите и користењето без правилна контрола стана доминантна и се зборува за повредени, кавги и несреќи забележани на улиците.

Децата уживаат во користењето на тротинетите, но без неопходната внимателност и сигурност. Но за потсетување електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст, а по улиците се забележуваат и деца под ова возраст.

Ова резултира со многу повреди во кои учествуват и децата. Наспроти ова, градот Скопје е и така во претеран “хаос” од колите и константната движење по улиците.

Последен од инцидентите беше и случајот со камерманот кој снимаше анкета заедно со новинар на Градска.мк и беше удрен од тротинет во среде неговата работна задача.

Граѓаните во своите коментари за овој инцидент се на мислењето дека тие треба да бидат забранети како во Франција. Некои други велат дека кога пешаќиш може да те згазат,  а кога возиш може да ги удриш со кола. Тротинетите и моторите возат како луди, гласи еден друг граѓанин.

Само за два месеци околу 25-30 повредени

Од Универзитетската Клиника за хируршки болести ,,Свети Наум Охридски” Скопје во одговор за Градска.мк истакнаа дека во последните два месеци имале 25-30 случаи, каде околу една третина имала потреба од хоспитализација, а околу една четвртина се лекувале со хируршка интервенција.

„Летниот период бележи зголемување на бројот на повреди како резултат на употребата на електрични тротинети. Степенот на повреди варира од лесно повредени пациенти кои добиваат домашно лекување до тешки повреди кои бараат хоспитализација и хируршки третман. Најчести повреди се во мускулно-скелетниот систем, но повредите на лицето и телото не се невообичаени. Само во последните 2 месеци сме имале околу 25-30 случаи, каде околу една третина имала потреба од хоспитализација, а околу една четвртина се лекувале со хируршка интервенција„

Н. Абдурахмани

 

АКТУЕЛНО