Search
Search
Фото/Градска редакција

Денес сончево но студено, во Скопје сончево и со ветер

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и студено со мала, а во источните делови со умерена локална облачност. Претпладне ќе дува засилен северен ветер, кој во попладневните часови ќе слабее, а најдолго ќе се задржи долж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура се движи во интервал од минус седум до седум Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од шест до 13 степени.

Најниската температура од минус седум Целзиусови степени, според УХМР, утрово е измерена на Попова Шапка.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала облачност и со умерен до засилен ветер, особено во претпладневните часови. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до нула, а максималната ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

АКТУЕЛНО