Search
Search

Денеска сончево со температури до 19 степени

Времето денеска, утрото ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје наутро ќе биде студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 19 степени.

До недела ќе се задржи стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура. Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

АКТУЕЛНО