Денеска температури до 31 степен

Претежно сончево но променливо облачно време не очекува во текот на денешниот ден. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), услови за краткотраен дожд и ретки грмежи ќе има локално, главно на планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 9 до 19 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 20 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Времето во Скопје ќе биде сончево и до умерено облачно. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 17 до максимални 30 степени.

Во текот на викендот, пак, ќе биде сончево и топло со температури до 36 степени.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави