Search
Search
Фото: Б. Грданоски

Денска се одржа протест “Против бетонизација на Карпош“

Граѓаните од Карпош денеска преку проитест  бараат да запре изградбата на 17-катницата кај Воена болница, а институциите да реагираат на волјата на народот. Порачаа дека не смее да се гради во близина на комплекс болници затоа што така ќе се загрози безбедноста на оние што ќе треба да стигнат до болница.

Ова беше главна порака на протестот “Против бетонизација на Карпош“ кој се одржа помеѓу бензинската пумпа на Макпетрол и болницата Жан Митрев каде што ќе се гради 17-катницата. Граѓаните порачаа дека им е “преку Стевче“ и „Доста стевчоизација“, „правда пред профит“.

Причина за протестното изразување на незадоволство е одлуката на Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски да издаде одобрение за градба на земјиштето помеѓу бензинската на Макпетрол и болницата Жан Митрев со што овозможи инвеститорот Фатмир Етеми да се стекне со дозола за изградба на 17-катница на простор откупен од бизнисменот Орце Камчев.

Советот на Општина Карпош минатата година изгласа одлука за стопирање и ревизија на овој план, но Јакимовски, според советниците, ги заобиколи овие одлуки и сите повици за прекин на изградбата.

Спорна е и изградбата на објект со висина од 60 метри во непосредна близина на болница во која за итни медицински интервенции слетуваат хеликоптери, но не е добиена потврда од од Агенција за цивилно воздухопловство.

 

АКТУЕЛНО