Search
Search

Директорот на инспекторатот за локална самоуправа: Немам проблеми со никого

Денеска беа демолирани просториите на Државниот инспекторатот за локална самоуправа, а според директорот на ова институција Ферди Шабани украдени се компјутери и телефони на службеници.  Тој за Градска редакција вели дека немал никакви проблеми со никого.

„Се чудам како вакво нешто може да се случи во простории кои се наоѓаат во иста зграда со други институции од МВР. Инцидентот го забележав јас во сабота, веднаш случајот го пријавив во полиција и тие веднаш реагираа„ вели за Градска.мк,  Ферди Шабани директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Тој отфрлува можност за некаква лична пресметка со некого бидејќи нема никакви нерешени случаеви со некого.

„Немам никакви проблеми со никој„ вели кратко директорот Шабани.

Канцелариите на Државниот инспекторат за локална самоуправа, се лоцирани на 12 кат во зградата на Македонската радио-телевизија (МРТВ).

Н.Ш

 

 

АКТУЕЛНО