Search
Search

До 29 февруари остануваат гарантираните цени на основните прехранбени производи

Останува гарантираната цена за ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи

Владата на денешната седница донесе Одлука да се продолжи ограничувањето на цените до 29 февруари 2024 година, наместо до 31 јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи и тоа: ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.

Владата донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Со измените на постоечката одлука, на предлог на Министерството за економија, се продолжува до 29 февруари, од претходно утврденото ограничување на цените до 31 јануари, за: минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалоци (сокови), во определени пакувања и светло пиво.

АКТУЕЛНО