Доаѓа крај на сообраќајното дивеење, се повеќе камери поставени низ Скопје

Се ближи ли крајот на сообраќајното дивеење во Скопје? … Дел од булеварите и улиците во метрополата веќе добиваат „нови очи“ кои ќе ги ловат несовесните возачи, ноќните тркачи по улиците и сите оние кои го загрозуваат својот и животот на околината на било каков начин…

Речиси нема раскрсница во Скопје каде што не се работи на инфраструктурата за новите камери-радари кои конечно треба да стават ред во хаотичниот и небезбеден сообраќај во главниот град.

Од МВР засега не откриваат премногу што се ќе се казнува, бидејќи законот за камерите треба да ја заврши потребната собраниската процедура. Она што е засега познато е дека клучен ќе биде сегментот за брзото возење и поминување на црвено. Сепак, според некои информации, се бара модалитет се бара модалитет да се казнува и за не носење на појаси, лошо и опасно престројување, непочитување на сообраќајните знаци.

„Новите камери кои се поставуват во Скопје се дел од проектот „Безбеден град“ кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект, јавноста ќе биде соодветно известена“ – велат од МВР и тоа е засега сѐ што откриваат.

Во последниот период сме сведоци на се повеќе сообраќајни несреќи, некои за жал и со трагични последици. Граѓаните кои ги анкетиравме велат по улиците чувствуваат повеќе страв отколку безбедност, па ова решение, доколку се спроведе како што треба и функционира добро, тогаш ќе биде полн погодок.

Камерите веќе подлежеа на тестирање, а тоа го кажа минатиот месец техничкиот министер за внатрешни работи – Панче Тошковски, а само за неколку часа биле забележани повеќе илјади сериозни прекршоци.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави