Search
Search

ДУП-от три пати беше прифаќан од ВМРО-ДПМНЕ тврди Јакимовски – советничката група најави блокирање

Деталниот урбанистички план за кај Алумина три пати досега беше прифаќан од ВМРО-ДПМНЕ, уште од 2008 година. Ова што се случува сега е чиста политика, тврди градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски. Уверува дека се запазени сите параметри за градење и дека ќе има голема зелена површина.

„На инсистирање на министерот направивме и трет урбанистички план кој е усвоен на 05-01-2016 година министер е господинот Владо Мисајловски- Кендо актуелен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието. Повторно е потпишан Сашо Лазаровски како претседател на советот на општина Карпош и тогаш и третиот пат, ние немаме никаков проблем“, вели Стевче Јакимовски градоначалник на општина Карпош.

Архитектот Пако Радовановиќ во Општина Карпош денеска пред новинарите го претставуваше проектот одбран од страна на инвеститорот на Пуцко Петрол. Планот вели е во целосна согласност со Генералниот урбанистички план за Скопје и запазени се сите параметри. Тој додава дека планот овозможува доволно паркинг простор како и зеленило.

„Идејата е да овие на ќошот објекти се едниот е тој највисокиот во средина е 35 спрата, другиот е 30 а тие позади што се гледаат тие се зградите на улица прашка што се иста висина како и постоечките моментални објекти значи 5+9+ поткровје“, вели Пако Радованович архитект на Радо инжинеринг

Граѓанските иницијативи,граѓаните и независните советници во Општина Карпош се против овој проект, како и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која најави дека ќе го блокира донесувањето на ДУП-от.

Израелска компанија го купи земјиштето на Алумина во 2008. Тие најавуваа дека планираат да инвестираат 100 милиони евра во резиденцијално – комерцијален центар, кој треба да содржи и луксузен хотел и деловни згради. Но, таа инвестиција не се реализираше. Подоцна земјиштето кај Алумина го купи компанијата Пуцко Петрол на Асмир Јахоски, син на пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ во 2020-та година за 18 милиони евра, односно 24 милиони евра со сите давачки.

АКТУЕЛНО