Search
Search

Двајца малолетници и 50-годишник нападнати од кучиња скитници во Тетовско

Четириесетгодишен жител на тетовска Брвеница синоќа во 17:50 часот во СВР Тетово пријавил дека неговата малолетна ќерка во селото била касната од куче скитник.

Истиот ден во 19 часот 42-годишната тетовка М.С. во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот малолетен син на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

Педесетгодишниот Б.С. од Скопско вчера во 14:30 часот во СВР Тетово пријавил дека на улицата „101“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.

АКТУЕЛНО