Фото/Минстерство за здравство

Еден донатор утрово спаси четири животи

За прв пат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлоатирани четири органи во еден акт.

„Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези„ информираат од Министерството за здравство.

Според нив дополнително шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања.

„Уште еднаш благодарност до семејството на донаторот кои со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина.

Благодарност до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники„ велат од МЗ.

На пациентите кои добија органи им посакуваме брзо опоравување. Горди сме на секој нов успех во македонското здравство, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Фото/Минстерство за здравство
Фото/Минстерство за здравство

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави