Една година „живееле на Марс“ – Учесниците откриваат какви се условите на црвената планета

 

Две жени и двајца мажи минале 378 во „Mars Dune Alpha“, изолирана структура од 160 метри квадратни во Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон, која ги имитира условите на Црвената планета.

Оваа мисија била прва во серијата на „Crew Health and Performance Exploration Analog“ (CHAPEA), чија цел е да и помогне на НАСА да се подготви за нов лет на Месечината, а еден ден дури и на Марс. Следните мисии на „CHAPEA“ се предвидени за 2025-та и 2027-ма година.

„Mars Dune Alpha“ е создаден со помош на 3Д принтер. При излегувањето од структурата во саботата, по повеќе од една година, волонтерите на „CHAPEA“ кои во текот на својот престој не смееле да го напуштат објектот без прозорци, биле изнесени.

Прекрасно искуство

„Овие работи можеме да ги направиме заедно“, рекол членот на екипажот Рос Броквел и додал: „Можеме да го употребиме своето знаење со цел да постигнеме мир и благосостојба и да откриеме знаење и радост за доброто на секој дел од Земјата“.

Учеството во симулираната мисија било прекрасно искуство, рекол тој. „И навистина се надевам дека ова ќе ни помогне да одиме на Марс“, додал тој.

 

Од Месечината до Марс

Целта на програмата „Артемис“ на НАСА, именувана по грчката божица на Месечината, е да испрати луѓе на Месечината повторно во 2030-тите, вклучувајќи ја и првата обоена личност и првата жена. За првата од своите мисии „CHAPEA“, кои симулираат престој на Марс, НАСА не избра обучени астронаути.

Сите „здрави и мотивирани“ граѓани на САД или постојани жители на возраст меѓу 30 и 55 години со диплома по инженерство или наука и две години поврзано работно искуство имаа право да аплицираат. Избрани се градежен инженер од Вирџинија Броквел, биологот Кели Хастон од Сан Франциско, доктор и татко на три деца Нејтан Џонс од Илиноис и микробиолог Анка Селарио.

 

 

 

Какво е живеалиштето?

Живеалиштето каде што поминале една година вклучува приватни простории за спиење со големина од околу 6 метри квадратни, заедничка дневна соба опремена со ТВ и фотелји, работни станици и медицинска станица.

За време на престојот, на волонтерите им беше дозволено да останат во контакт со семејството и пријателите, но комуникацијата беше поставена на „времето на Марс“, што значи дека на обична порака ќе им требаат 22 минути за да стигне до Земјата.

Според НАСА, екипажот извршил „повеќе симулации на „Marswalks“, одгледал и собрал неколку култури на зелена салата за периодично да ја надополнува храната на полиците и учествувал во одржувањето на живеалиштата и опремата“.

„За да се направат услови колку што е можно слични на оние на Марс“, тие исто така се соочиле со „еколошки стресови како што се ограничувањата на ресурсите, изолацијата и дефектот на опремата“, соопшти вселенската агенција.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави