Search
Search

ЕИБ обезбедува нови 20 милиони евра за регионот, колку од нив ќе искористи Македонија?

Одлична можност се отвора за македонската администрација за полесно да се приближи кон Европската Унија.

Според новата транша која ќе ја префрли Европската инвестициска Банка, средствата за целиот регион изнесуваат 20 милиони евра, а наменети се преку програмата JASPREM за подготовка на одржливи проекти и стратегии.

Според дел од експертската јавност, Македонија и до сега имала добра искористеност на овие средства, пример за тоа се дополнителни стекнати вештини за изработка проекти поврзани со Европската Унија, а најголем дел се проекти и од меѓугранична соработка.

Според досегашните искуства, голем дел од институциите успеале да се усовршат за да аплицираат и да искористат вакви средства оваа грантова поддршка само повеќе би ги зајакнала капацитетите на институциите сметаат дел од експертите кои се вклучени во процесите.

Според професорот Леонид Наков од економскиот факултет при УКИМ, овие проекти имаат за цел да покажат мерливост на заеднички споделени проекти помеѓу властите во Македонија (државна – локална) кои се насочени кон и ќе треба да ги имплементираат бизнис секторите.

„Програмата е наменета за подготовка за развој на проекти од областа на приоритети и треба да помогнат во подобрување на приоритетните области. Најмногу ќе бидат насочени кон инфраструктура. Потоа за препознавање на проекти за циркуларна економија, подигнување на квалитетот на услугите за создавање вештини за помош на мали и средни претпријатија, особено препознавање на нивната иновативна компонента. А, тие компании треба да се двигател на македонската економија“, потенцира Наков.

Според професорот, оваа програма ги опфаќа и другите земји од регионот поради потребата од заедничко поврзување во приоритетните области.

Од 2005 година, советодавната поддршка во рамките на програмата JASPERS мобилизираше над 317 милијарди евра инвестиции за стотици нови проекти во 27 земји.

Игор Мицкоски

АКТУЕЛНО