Search
Search

Еко автобуска постојка од која што се земаат пакетчиња со семиња во Карпош

Нова еко автобуска постојка со зелен и воедно одржлив покрив доби градот Скопје од страна на Халкбанк АД Скопје во рамките на заложбите и активностите на банката за заштита и зачувување на животната средина, а кои што се реализираат преку платформата ХалкЕко.

Новата зелeна постојка е лоцирана во Општина Карпош, спроти поранешната фабрика Алумина и истата, освен што има зелен покрив прекриен со растенија, овојпат на граѓаните им ја нуди можноста од неа да земаат пакетче со семиња од различни растенија.

Првата еко постојка беше поставена во општина Аеродром пред трговскиот центар Бисер, како прва и единствена од ваков вид во земјава. Постојката што беше поставена пред речиси три години и денес, освен што на патниците им нуди убава заштита од временските влијанија, претставува уште еден придонес кон зголемување на зеленилото во главниот град.

 

АКТУЕЛНО