Наши приоритети се решавање на проблемот со аерозагадувањето, состобата со боровата шума на Љубаш и заштита на биолошката разовидност во склоп на заштитените подрачја на територија на Општината Кавадарци, беше кажано синоќа на прославата по повод 13 години еколошки активности на НВО „Еко – живот”.
-Бевме основани во 2010 година како невладина организацизација со цел зачувување и подобрување на животната средина, а со тоа и зачувување на здравјето на луѓето. Ние деіствуваме и како регионален еко центар, а соработуваме со локалната самоуправа на Општина Кавадарци и соседните општини. Од 2012 година сме членови на Движењето на екологисти на Македонија (ДЕМ) и од нивна страна сме назначени како регионален еко центар и извршна канцеларија, информираа од „Еко – живот”.
Воедно, посочуваат дека имаат над 30 волонтери и над 100 членови кои се квалификувани екологисти, биолози, адвокати и членови со сродни професии. Со поддршка на Општина Кавадарци, го администрираат проектот за нула глад во Кавадарци изминатите пет години.
-Имаме одлична соработка со одделението за животна средина на Општината Кавадарци и заедно донесовме ЛЕАП ( Локален еколошки акционен план), наведуваат од Еко – живот.
Оттаму нагласуваат дека посебна гордост им се големиот број млади членови и нивното волонтирање во сите активности на здружението.
Претседателот Роберто Паризов, додели благодарници до субјектите со кои се соработувало во изминатиот период.