Search
Search

Енергетскиот пијалок „Прајм“ е забранет и во Хрватска, во Македонија дозволено e да се продава

Безалкохолниот енергетски пијалок „Prime“ воопшто не би требало да го има на полиците во маркетите или да се продава во Хрватска, а причина за тоа се недозволените состојки, пренесува jutarnji.hr.

Според Државниот инспекторат, Санитарни инспектори вршат инспекциски надзор во врска со енергетските пијалоци со недозволена состојка Л-теанин, чија употреба во безалкохолните пијалоци е во спротивност со одредбите од чл. 6-ти ул. 2. Регулатива (ЕУ) 2015/2283 на Европскиот парламент, пренесува jutarnji.hr.

„Доколку санитарната инспекција најде таков производ на пазарот, истиот ќе биде уништен согласно Законот за храна и ќе донесе мерка забрана за ставање во промет и наредба да се повлече од промет“, велат од Државниот инспекторат.

Министерот за здравство Вили Берош претходно побара итно ограничување на потрошувачката на енергетскиот пијалок „Прајм“ поради состојката Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалоци како и во никотинските кесички.

„Откако Словенија ја забрани кофеинската верзија на енергетскиот пијалок Прајм поради состојката Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалоци, во таа насока се движи и Хрватска“, соопштија денеска од хрватското министерство за здравство.

Познатиот енергетски пијалак „прајм“ по кој лудуваат тинејџерите и малите деца, предходно го забарни и Словенија. Пијалакот го има и во Македонија, но, како што информираа од АХВ, тој е безбеден и постои мислење од Фармацевтскиот факултет дека може да се употребува како збогатена храна.

Извор Слободен печат

АКТУЕЛНО