Search
Search

ЕУ ја суспендира помошта од 691 милион евра предвидена за развој на Палестинците

Еврокомесарот Оливер Вархеји соопшти дека сите исплати се суспендирани, сите проекти се ставени под ревизија и сите нови буџетски предлози, вклучително и оние за 2023 г. се одложени. ЕУ ја става под ревизија помошта од 691 милион евра за Палестинците предвидени за развојна помош.

Европската Унија денеска соопшти дека веднаш прекинува со дел од помошта и ја става под ревизија целата своја развојна помош од 691 милион евра за Палестинците по нападот на Хамас врз Израел, што предизвика нова војна на Блискиот Исток.

„Размерите на теророт и бруталноста против Израел и неговиот народ е пресвртна точка…Како најголем донатор на Палестинците, Европската комисија го разгледува своето целосно развојно портфолио, во вкупна вредност од 691 милион евра“, напиша Вархеји на социјалната мрежа X поранешен Твитер.

АКТУЕЛНО