„Еурактив“: Косово пред санкции од Западот

Познатиот европски информативен сајт „Еуроактив“ објави за можноста Косово наскоро да се соочи со санкции од евроатлантската заедница, потпирајќи се на многу високи и дипломатски извори.

Овој сајт објави дека минатата недела бил информиран од висок извор од трета земја дека ЕУ и САД подготвуваат голем број санкции против Косово. Ова подоцна беше засилено со коментарите и на албанскиот премиер Еди Рама и дипломатски извори, кои потврдија дека санкциите се неизбежни.

Санкциите споменати во еден внатрешен дипломатски меморандум, обезбеден од извор, вклучуваат замрзнување на фондовите на ЕУ, суспендирање на процесот на визна либерализација и процесите за членство во меѓународните институции. Тоа вклучува и усвојување на пасивен однос на косовските сојузници кон кампањата на Србија за депризнавање на независноста на ова земја, реорганизација на меѓународното воено присуство и сериозно намалување на американскиот контингент.

Се споменуваат и поединечни санкции против косовските лидери и високи функционери, но се подразбира дека тие би се користеле само во најлошото сценарио, бидејќи евентуалните санкции би биле воведени постепено.

Изворот ја повика опозицијата да ги поддржи ЕУ и САД во нивните напори за стабилизирање на ситуацијата и, исто така, да се изјаснат дали ги поддржуваат обврските на Косово во дијалогот поддржан од ЕУ.

Друг дипломатски извор изјави за Еуроактив дека е запознаен со документот во кој се наведени можните санкции кои се шират и, иако не може да каже дали документот е официјално потпишан.

Н. А. 

 

 

АКТУЕЛНО