Европа глобално го менува економскиот курс, од „капитализам“ во „социјализам“

Европската Унија донесе низа директиви и можности со кои ги мотивира граѓаните да се обединат во задруги. Според овие директиви, граѓаните имаат право да формираат профитни или непрофитни организации со кои ќе се заштитат самите од „монополите“ и ќе можат да инвестираат во производи кои можат да ги произведат самите. Најмногу сегментот на енергија.

Од друга страна ЕУ наметнува и обврска на компаниите да имаат т.н. општествено корисни сертификати со програмата наречена „ESRS (European Sustainability Reporting Standards)“ во превод „Европски стандарди за одржливост“, која има за цел да ги натера компаниите да бидат општествено одговорни, но во повеќе нивоа и директно да соработуваат и помагаат на заедницата.

Односно, дел од профитот да го насочат кон политики за подобар живот на локалните заедници, инвестиции во компаниите добавувачи или пак други сегменти за развој на средината во која работат.

Оваа обврска засега е само за членките на ЕУ и ќе почне да се применува од почетокот на следната година и во рок од четири години сите компании ќе мора да го обезбедат овој извештај.

Како мотивација за побрзо исполнување на обврските, Европската комисија (ЕК) одредила механизми за давање финансиска поддршка за развој на одредени сегменти во компаниите кои ќе ги добијат врз база на изработени позитивни извештаи.

Како предности се наведуваат средства за развој на човечки ресурси, неповратни финансии за развој на компанијата и други бенефиции.

Македонија како држава аспирант за членство во Европската Унија (ЕУ) ќе мора да ги прифати новите директиви, но не само тоа, туку и македонските компании ќе мора да се прилагодат на обврските.

Според информациите кои може да се добијат од ЕУ, обврската за вакви извештаи ќе биде и на компаниите од земјите аспиранти за членство во ЕУ кои соработуваат со европски компании, бидејќи ваквата соработка ќе биде услов за добивање подобар рејтинг на компаниите при можноста за користење поволностите од ЕУ.

Игор Мицкоски

АКТУЕЛНО

Поврзани објави