Search
Search

Европска демократска партија стапи на политичката сцена

Авангардна и најпозитивна политичка сила која ќе придонесе за иднината на државата и за нејзиното интегрирање во Европската унија. Со ваква идеја почна основачкото Собрание на Европската демократска партија. Ќе ја предводи поранешниот потпретседател на Движењето БЕСА и екс министер за земјоделство, Аријанит Хоџа.

-Првата битка е уставните измени. Без епилог во овој дел не може да се каже како ќе се развива политичката сцена. Нормално, ние очекуваме да поминат уставните измени бидејќи тоа е отварање на вратата за влез во ЕУ. Доколку не поминат, државата влегува во едно сценарио во кое европската перспектива ќе има потреба од политички сили кои треба да се соединат и да не ја оставаат државата во рацете на политичари кои сакаат да ја изолираат, изјави Аријанит Хоџа, претседател на Европска демократска партија

Потписите за основање на Европската демократска партија почнаа да се собираат откако лидерот на БЕСА Билал Касами покажа волја да се здружи со Алтернатива на Африм Гаши и Демократското движење на Изет Меџити во единствен опозициски фронт. На Хоџа му се придружи и пратеникот Бастри Бајрами, со што, БЕСА останува со само еден пратеник.

Овој опозицицки фронт, со тројца пратеници од Алтернатива, еден од БЕСА и тројца од Демократско движење, ќе може да формира пратеничка група.

Денеска, на годишнината од Рамковниот договор, Изет Меџити ќе ја промовира новата партија што ја формираат дел од „Огнените“. Главен соработник на поранешниот потпретседател на ДУИ останува градоначалникот на Чаир Висар Ганиу. Блерим Беџети од Сарај и Муса Џафери се дистанцираа и продолжија од лидерот Али Ахмети да бараат внатрепартиски реформи.

АКТУЕЛНО