Search
Search

Европската комисија ги повика Скопје и Атина да се држат до Договорот од Преспа

Портпаролот на Европската комисија за „Еурактив“ кажа дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора да биде спроведен од „сите страни“ и со „добра волја“ во услови на нова расправија меѓу Атина и Скопје што се заканува да го оживее 25-годишниот спор.

Новата реторика меѓу двете земји започна по инугарацијата на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, која не ја употреби придавката „Северна“ при нејзината заклетва во Собранието, пренесува Еурактив.

Реагираше Грција и неколку пати повика на држење до Договорот од Преспа, кој е, според земјата, клучен за членството на земјата во НАТО и ЕУ.

Неколку дена потоа дополнително се подгреа ситуацијата откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека негово човеково право е како ќе ја нарекува земјата, повикувајќи ја Грција да се жали до Меѓународниот суд на правдата.

Но, среде нова криза, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис (Нова демократија, ЕПП) се закани дека ќе стави вето на патот на Северна Македонија кон ЕУ, доколку Скопје не се придржува до договорот за промена на името.

„Ако некој мисли дека може да го занемари Договорот [Преспа], треба да знае дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен и дека протоколите нема да бидат ратификувани доколку не се почитува она што го предвидува Договорот“, рече Мицотакис.

АКТУЕЛНО