Одлепени фасади и плочки, плочници што се закана по безбедноста на пешаците, нефункционални фонтани, стиропор што се рони е дел од секојдневието на скопјани.
Пред неколку дена паднаа парчиња од фасадата на зграда во центарот на Скопје, кај Министерството за правда. Бетонски парчиња паднаа на пешачката патека, но, како што информираа од Центарот за управување со кризи, нема повредени.
„Преку единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел од фасада во центарот на Скопје и можна опасност да падне уште. Останатиот дел од фасадата најгоре на зградата е потенцијална опасност за минувачите”, велат од ЦУК. Оттаму додаваат дека ја известиле Општина Центар, од каде им рекле дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица, тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата што почнала да паѓа.
Тука секогаш за потсетување е и Скопје 2014, кој се распаѓа, а пак фасадите во Центарот на градот се само шминка.
Од едната страна се премачкани со боја, додека пак од позади граѓаните треба да внимаваат да не случајно им падне некој дел иако во 2012 година беа потрошени вкупно 55 илјади евра за реконструкцијата на фасадите, на првите пет објекти во центарот на градот.
Фасадите се реконструираа во согласност со избраните идејни решенија во склоп на проектот Скопје 2014, а се на архитектите Звонко Ставревски и Жарко Чаушевски, кои на јавноста и се познати по други градби од овој проект.
Во интервју за Градска.мк архитектот и професор Мирослав Грчев неодамна кажа дека проектот „Скопје 2014“ е одраз на вграден криминал кој се манифестира преку неквалитетни зафати, погрешна градба, непочитување на основни градежни правила на градењето.
Тој доде дека со проектот „Скопје 2014“ се фалсификува историјата, се врши паралелно атак и приватизација а воедно и партизација- користење во партиски цели на целиот јавен простор.
Грчев посочува дека не само што не била прашана стручната заедница, туку тогашната власт не го консултирала ниту врвниот професионалец и доајен на архитектурата проф. Ѓорги Константиновски, кој според него е еден од нашите најдобри, најискусни, трофејни архитекти.
Скопје 2014, нечистотија, недоградени објекти, шминка на фасади
Сега сме сведоци на деструкција и како да сме нападнати од вонземјани.
Почнувајќи од Старата скопска чаршија па се до центарот на градот сведоци сме на дупки на улиците, рушење, нечистотија.
Нечистите улици се резултат на недостаток на редовно и ефикасно чистење, што предизвикува негодувања кај граѓаните и негативно влијание на општата атмосфера во градот. Туристите, кои треба да бидат посебно важен дел, често го искусуваат овој проблем, што може да влијае на нивното впечатување за Скопје како туристичка дестинација.
Дел од објектите што се изградени во проектот Скопје 2014 се распаѓаат, друг дел не се доизградени, а пак фасадите во Центарот на градот се само шминка. Од едната страна се премачкани со боја, додека пак од позади граѓаните треба да внимаваат да не случајно им падне некој дел иако во 2012 година беа потрошени вкупно 55 илјади евра за реконструкцијата на фасадите, на првите пет објекти во центарот на градот. Фасадите се реконструираа во согласност со избраните идејни решенија во склоп на проектот Скопје 2014, а се на архитектите Звонко Ставревски и Жарко Чаушевски, кои на јавноста и се познати по други градби од овој проект.
Инаку повеќе од половина милион евра од градската каса се потрошија за реконструкциите на фасадите на објектот „Пелистер“ и на објектот над кафулето „Тренд“, на плоштадот Македонија, На објектот „Пелистер“, реконструирана е вкупна површина од околу 1.200 квадратни метри. Завршницата на фасадата е од дробен травертински камен, а на места од бакар и од ковано железо. На објектот на над кафулето „Тренд“, се реконструираше челниот дел на објектот кој гледа кон градскиот плоштад. Се обнови површина од 210 квадратни метри, со природен материјал, стакло и со изолација. Реконструкцијата на оваа фасада чини близу 60 илјади евра, а градежните работи, како и за Пелистер , ги изведе фирмата „Бауер БГ“.
Во прилог неколку фотографии од Градска.мк