Финансиски злоупотреби во карате федерацијата -Се исплаќале ли незаконски пари на приватни клубови?

Селектрот на Карате федерацијата на Северна Македонија Александар Кузмановски и претседателот на КФСМ Петар Белистојаноски во 2022 и 2023 година користеле пари на федерацијата за сместување и учество на претставник од клубот „Олимпик“ на клупски турнири што е спротивно со Правилникот на КФСМ, покажуваат докумнетите до кои дојде Градска.мк.

Уште поспорно е што овие средства се користеле за патување на синот на Белистојаноски, најпрво во Словачка на “Гранд При Словачка”, потоа во Будимпешта на интернационалниот карате турнир “Будимпешта опен” и во Подгорица на интернационалниот контролен турнир “Куп на Шампионите”.

Имено од касата на Федерацијата на 08.04.2022 година на Автоопрема Дооел Скопје – Подружница Смарт Травел се уплатени 19.800 денари со цел на дознаката: Превоз и сместување за неговиот син Матеј Белистојаноски кој тренира и е член на клубот Олимпик кај селекторот Александар Кузмановски за турнирот во Братислава.

 

На 15.09.2023 година од касата на Федерацијата извршени се две уплати на фирмата Автоопрема Дооел Скопје, Подружница Смарт Травел, првата во висина од 9.300 денари со цел на дознаката – превоз и сместување на Матеј Белистојаноски во Подгорица (каде што се одржа (Интернационалниот турнир Куп на шампионите) и втората уплата извршена е во висина од 16.900 денари со цел на дознаката: за сместување на спортистот Матеј Белистојаноски – Будимпешта, каде што тој учествувал на турнирот БУДИМПЕШТА ОПЕН.

Исто така од сметката на Федерацијата на ден 23.03.2023 година на истата фирма Автоопрема Дооел Скопје – Подружница СМАРТ ТРАВЕЛ се уплатени 55.200 денари со цел на дознаката: превоз и сместување на Гран При Кроација најреномиран регионален турнир.. На овој турнир според официјалните податоци на организаторот а кои се достапни на интернационалната апликација за пријавување Спорт дата, од Македонија земале учество повеќе карате клубови: ОЛИМПИК – Скопје, Макпетрол, Кизаме, Башкими, Куштрими , Цветан Димов и Ботони..

Сите клубови учествуваа на овој Интернационален карате турнир со свои средства, освен повторно клубот Олимпик.

На Европското првенство за Јуниори и кадети што се одржа во Прага – Чешка, сите натпреварувачи учествуваа на свој трошок или на трошок на своите клубови, а забележително е дека повторно незаконски и со прекршување на Правилникот на КФРСМ од сметката на Федерацијата се уплатени средства за 4 натпреварувачи, а потоа извршена е дополнително уште една уплата за спортистот Бојан Костов член на Карате клубот Олимпик од Скопје.

Бојан Костов е освојувач на медал на Светското првенство во 2019 година како кадет и Европското првенство во 2020 година како јуниор. Согласно Правилникот за избор и финансирање на државните репрезентативци на освојувач на медал на европско или светско првенство од 1 до 3 место за јуниори им се рефундираат средствата и им се плаќа наредното првенство доколку учествува во истата старосна категорија. Што значи Бојан Костов не е освојувач на медал во 2021 година и немал право да користи средства од Федерацијата за учество на Европското првенство во Прага во 2022 година. Повторно за лична корист е прекршен Правилникот на федерацијата.

Редакцијата на Градска.мк испрати прашања на официјалниот меил на Федерацијата, но до објавувањето на текстот не добивме одговор.

Според член 24 став 5 од Правилникот:

“Не се врши рефундирање на трошоци за наредно соодветно првенство ст.1 од овој член, освен ако натпреварувачот освои златен медал, и покрај постигнатиот резултат, ако натпреварувачот премине во друга категорија, или ако премине од кадет во јуниор, од јуниор во У21 или од У21 во сениор”.
Во 2021 година на Европското првенство за јуниори и кадети кое се одржа во Тампере медали освоија:

• Столе Смилковски – сребрен медал во У21
• Андреј Басаров – второ место, кадет
• Стефан Стојановиќ – прво место – јуниор и
• Матеј Белистојановски – трето место јуниор
• Или Билали 5 место, кадет.

Со оглед дека Столе Смилковски и Андреј Басаров не учествуваа на ова првенство а Или Билали преминал од кадет во јуниор излегува дека само два натпреварувачи имале право на уплата од страна на КФМ за ова европско првенство. Не е јасно за кои други тројца спортист е извршена уплата на средства за учество на ова првенство.

За Светското првенство за кадети, јуниори и У21 од страна на извршниот одбор на КФМ донесена е одлука да бидат покриени трошоците за сите натпреварувачи и Функционери на федерацијата. Но неколку дена пред да се донесе оваа одлука извршена е уплата за натпреварувачите на Олимпик.
На 22.09.2021 година извршени се две уплати на:

• Пливачки клуб Делфин Скопје 33.000 денари
• Пливачки клуб Вардар Скопје 33.000 денари.

Не е јасно зошто се извршени овие уплати.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави