Фото/Градска редакција

ФОТО Аквадуктот во Скопје станa дива депонија

Археолошкото место „Аквадукт“ кое се наоѓа во скопско Визбегово, станува дива депонија каде се расфрлуваат цели камиони со градежен шут, мебел и други предмети.

Екипата на Градска редакција едвај пристапи до ова археолошко место па можете да замислите како би се чувствувал еден турист кога би посакал да го види. Инфраструктурата е за никаде, нема ни соодветен пат кој може да те носи до ова археложко значајно место за Скопје, освен тоа погледот е катастрофален, личи на дива депонија каде е расфрлано ѓубре.  Страшно е и поради голем број на кучиња кои само од нивното лаење се гледа дека ги има на голем број.

Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција

Ова место каде може да биде и симбол на градот Скопје не се одржува и не е на листатата со приоритет на државните и градските власти, оставено е на забот на времето. Во последно време е направена реставрација на дел од Основниот проект за конзерваторско-реставраторски работи н Аквадуктот  во Скопје, како инвеститор се појавува Националната установа, конверзациски центар – Скопје а финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Фото/Градска редакција

Инаку во својата архитектонска композиција археолошкиот локалитет Скопски аквадукт во правец север – југ содржи две пристапни рампи, 53 столбови, 54 основни и 42 помали сводови на затекнатите олеснувачки затворени и отворени отвори над столбовите. Вкупната развиена должина на споменикот на културата изнесува 387,98м.

Фото/Градска редакција

За изгледот, состојбата, датирањето и функционирањето на Јустинијановиот водовод и монументалниот објект на Јустинијановиот аквадукт, постојат повеќе стари цртежи и фотографии. Тука се и записите од познати историчари и хроничари. За Скопски аквадукт постојат и записите од странски патописци. постојат и записи од дипломати и посетители. Но исто значајни се и записите од водичи и трудови од воени лица, инженери, историчари на уметноста и севозможни научници.  Така, на пример, во 1560 година безимениот венецијански патописец на Скопски аквадукт гледа 60 отвори. Во 1669 година Англичанецот, доктор Браун, напишал дека аквадуктот е “прекрасна древност, која голема гордост му прави на ова место” и дека на аквадуктот има “двесте отвори”.

Фото/Градска редакција

Многу историчари го цитирале Прокопиј (познатиот хроничар на владеењето на Јустинијан). Според Прокопиј водоводот бил подигнат во периодот од 527 до 565 г. Се верува и дека постои сличност со техниката на градење на аквадуктот со Куршумли ан во Скопје. Се вели дека тој не потекнува од византискиот период, туку бил граден во текот на XV век. Тоа е времето кога градот Скопје започнал интензивно да се зголемува. Се граделе новите исламски градби: амами и џамии, за чија градба и функционирање биле потребни големи количества чиста вода.

Скопски аквадукт за последен пат бил обновен по Скопскиот земјотрес во 1963 г., кога биле поправени три лака и два столба кои паднале од јачината на земјтресот.

Фото/Градска редакција
Фото/ Градска редакција

Н.Ш

 

 

 

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави