Search
Search

(ФОТО) Голем број граѓани денеска се собраа пред МКЦ во знак на одбрана на култната културна институција

Голем број граѓани денеска се собраа пред МКЦ во знак на одбрана на институцијата од политичките сплеткарења што ги предизвика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со разрешувањето на в.д. директорот на МКЦ, Ванчои Богоев . Новиот директор на МКЦ е Никола Алексов. Тој е дипломиран детектив по професија, кој воопшто не е познат на вработените во МКЦ и на културната јавност, пренесува Фронтлајн.

Настанот „Музички собир во одбрана на МКЦ: Сите за МКЦ“, започна во 12 часот, а организаторите „Гола планина колектив“, истакнаа: Ова е собир за сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го изјавиме нашето незадоволство.

На настанот настапуваат: S.A.M, Cut Your Nipple, Lufthansa, Дина Јашари, Новиот Почеток, Shock Troopers, Yöu, Хајка, Dope Kukjata и други.

АКТУЕЛНО