Search
Search

ФОТО – Како светот ја дочека Новата Година

Луѓето од целиот свет на различни начини го прославија доаѓањето на Новата 2024 година.

Прославите доаѓаат дури и кога тековните конфликти во светот предизвикуваат загриженост за безбедноста и доведуваат до тивки или дури откажани прослави.

Новозеланѓаните беа меѓу првите во светот кои го прославија доаѓањето на 2024 година со огномет во Окленд.

Сиднеј, најголемиот град во Австралија, го дочека доаѓањето на 2024 година со огромен огномет за да ја одбележи 50-годишнината од неговата позната опера куќа.

Огнометот го осветли ноќното небо и беше придружен со ласерско светло и анимација за време на новогодишните прослави во Токио.

Од Бангкок до Пекинг, Истанбул, Лондон, Мумбаи и Париз, милиони ширум светот се приклучија на прославите.

Подолу се прикажани неколку слики од тоа како светот се збогуваше со 2023 година и ја дочека Новата 2024 година.

Париз
Минхен
Лондон
Сиднеј
Пекинг
Сингапур
Јужна Кореја
Индонезија
Токијо

АКТУЕЛНО