Search
Search

Фото киноклуб „Козјак“ Куманово одбележува 75 години постоење

Фото киноклуб „Козјак Куманово“ одбележува 75 години од постоењето, информираа денеска надлежните од клубот кои ги поканија кумановци да присуствуваат на одбележувањето на јубилејот и да проследат програма која го прикажува творештвото на клубот и нејзините членови.

– Мора да потенцираме дека клубот непрекинато работи 75 години. По тој повод утре, со почеток во 18:30 часот во занаетчискиот дом ќе имаме богата програма, проекција на филмови, изложба на фотографии, проекција на дијапозитиви и слично. На овој начин кумановци ќе имаат можност да разгледаат и да се уверат во творештвото и придонесот на клубот, изминативе седум и пол децении, изјави Милош Нешковски, претседател на клубот.

Кино секцијата на клубот е основана 1963-та година што годинава се поклопува со 60 години од постоењето на киното во клубот, пет години се организира и фестивалот на краток филм „Филмај“.

-Низ годините членството варира имало периоди кога имало голем број членови, има периоди кога имало помал број што зависело од поддршката. Седумдесеттите години имало голема филмска продукција. Народната техника порано била дел од техничкото описменување на Титовите пионери, па секоја фабрика давала придонес за развој, ако им требало камера ја набавувала ФЗЦ, ако им требало друго давал ЧИК, вели Нешковски.

 

АКТУЕЛНО